News

„Веда“ (дел од семејството на #ФИТР) се приклучи на апелот #ПридонесиИти! Ние го ставивме максималниот капацитет на 3Д печатарот набавен преку проект на Фондот на располагање заедно со материјалите претходно набавени за нашиот работен процес.

Иако имавме прекин на секојдневните активности, решивме оваа опрема и материјалите да ги ставиме во функција на поддршка на акцијата за 3Д Принт на медицинска опрема. За таа цел, ја пренаменивме R&D лабораторијата за да помогнеме на Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë, односно на сите здравствени работници во битката против коронавирусот.

Акцијата беше иницирана од др. Каревски од ГОБ „8ми септември“ и уште неколку доктори, а инспирирани од потребата за подобра заштита на медицинскиот персонал.

Responsive image